Достапни линкови

Автомобил удрил во француски војници во Париз


Француски војници на патрола на централната железничка станица во Париз

Шест војници се повредени од кои двајца се наоѓаат во сериозна состојба кога возило удрило во воена патрола во северозападно предградие на Париз. Возачот избегал од местото на настанот, а париската полиција соопшти дека бил пронајден неговиот автомобил.

Според локалните власти, нема сомнеж дека возачот намерно влетал со автомобилот во групата на војници. Франција е во вонредна состојба од ноември 2015 година и беше цел на серија на напади.

XS
SM
MD
LG