Достапни линкови

Во напади на сојузниците во Сирија предводени од САД загинале најмалку 29 цивили


борби против милитантите на Исламската држава во сирискиот град Рака

Во воздушни напади на сојузниците предводени од Соединетите држави во борбата против милитантите на Исламската држава во сирискиот град Рака биле убиени најмалку 29 цивили, вклучувајќи и 14 деца. Нападите, како што соопшти Сиријската обсерваторија за човекови права се случиле во изминативе 24 часа. Исто така се прецизира дека во еден напад загинало едно 14 члено семејство. Сојузничките сили досега не ги коментираа ваквите обвинувања. Претходно тие соопштија дека во нивните напади загинале најмалку 600 цивили во Ирак и Сирија од почетокот на операциите во 2014 година. ОН проценуваат дека во Рака се уште имало 50 илјади цивили.

XS
SM
MD
LG