Достапни линкови

Реал Мадрид го освои трофејот во УЕФА Супер купот во Скопје


Актуелниот европски шампион Реал Мадрид вечерва на преполната Телеком арена во Скопје ја победи екипата на Манчестер Јунајтед (освојувач на Лига Европа минатата сезона) со 2:1.

Головите за „Кралскиот тим“ ги постигнаа Касемиро во 24 минута и Иско во 52 минута.

Манчестер преку новото засилување Лукаку во 62 минута само успеа да го ублажи поразот на 2:1

За Реал ова е четврти трофеј во Супер купот, а втор во низа. Мадридскиот тим со тоа стана втората екипа по Милан, кој двапати последователно се радуваше на овој трофеј (1989 и 1990 година). Претходно Реал, покрај минатогодишниот трофеј до кој стигна со победата над шпанскиот ривал Севиља 3-2, победи и во 2002 година против Феенорд (3-1) и во 2014 година во Кардиф повторно против Севилја со 2-0.

Манчестер Јунајтед и по трет пат во низа не успева да стигне до трофејот кој „црвените ѓаволи“ го освоија пред 26 години, кога во 1991 година ја совладаа белградска Црвена Звезда.

Со овој триумф Реал ја продолжи доминацијата на шпанските екипи кои сега имаа 14 трофеи од Супер купот, пред тимовите од Италија кои имаат 9 трофеи, додека англиските екипи останаа на седум триумфи.

XS
SM
MD
LG