Достапни линкови

Венецуела системски употребува прекумерна сила против демонстрантите


Запален демонстрант на протестите против претседателот Николас Мадуро во Каракас на 3 мај 2017

Канцеларијата за човекови права на ОН оцени дека безбедносните сили во Венецуела користеле „широко распространета и систематска употреба на прекумерна сила“ за сузбивање на протестите, убивајќи најмалку 46 луѓе и произволно притворајќи повеќе од пет илјади демонстранти од почетокот на април. Повеќе од 1.000 демонстранти сè уште се во притвор. Канцеларијата на ОН денеска ја повика владата на претседателот Николас Мадуро да ги контролира безбедносните сили и да ги испита наводните злоупотреби.

Венецуела со соочува со политичка и економска криза. Тензиите се зголемуваат додека Мадуро се обидува да ја консолидира својата моќ по неколкумесечните улични протести против неговото владеење. На 4 август беше инаугуриран новиот парламент кој треба да донесе нов устав со кој ќе и се дадат огромни овластувања на Социјалистичката партија на Мадуро.

XS
SM
MD
LG