Достапни линкови

Путин - Русија е решена цврсто да ја гарантира независноста на Абхазија


Рускиот претседател Владимир Путин на средбата со абхаскиот сепаратистички лидер Раул Хаџимба во одморалиштето Питсунда во Абхазија

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија е решена „цврсто да ја гарантира“ безбедноста и независноста на грузискиот отцепен регион Абхазија. Тој ова го изјави на средбата со абхаскиот сепаратистички лидер Раул Хаџимба за време на посетата на одморалиштето Питсунда во Абхазија, пренесуваат руските новински агенции. Тој исто така рекол дека треба да се најде начин за развој на абхаската економија и создавање работни места и оти тоа ќе биде главна тема на разговорите.

Грузиската влада остро ги критикуваше плановите на Путин за посета на Абхазија, оценувајќи ги како провокација. Рускиот претседател го посети отцепениот регион на деветгодишнината од петдневната руско-грузиска војна. По војната, Москва ги призна отцепените региони Абхазија и Јужна Осетија како независни држави.

Во двете области има илјадници руски војници, а грузиските власти ја обвинија Москва и сепаратистите за заземање дополнителни територии во последните месеци.

XS
SM
MD
LG