Достапни линкови

Во Прилеп одбележани 16 години од загинувањето на бранителите кај Карпалак


Oдбележување на 16-годишнината од загинувањето на 10-те прилепски бранители кај месноста Карпалак

Со поклонување во чест на загинатите бранители и со положување цвеќиња, денеска пред споменикот „Карпалак“ во Прилеп се одржа централното одбележување на 16-годишнината од загинувањето на 10-те прилепски бранители кај месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово на 8 август 2001 година кога армискиот конвој беше пречекан во заседа.

Претставници на семејствата на загинатите, делегации од кабинетот на претседателот, од Владата, од Министерството за одбрана и генерал-штабот на АРМ, од локалната самоуправа, од здруженија на бранителите, од политички партии и граѓани се поклонија пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.

XS
SM
MD
LG