Достапни линкови

Турција гради ѕид на границата со Иран


Ѕид на границата меѓу Турција и Сирија.

Турски медиуми јавија дека властите започнале со изградба на ѕид покрај границата со Иран, слично на бариерата која се поставува долж границата со Сирија. Според медиумите, ѕидот е висок три метри. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во јуни најави дека властите планираат изградба на 900 километри долг ѕид на границата со Ирак и Иран. Според властите, целта е да се зголеми безбедноста преку спречувањето на кудрските милитанти и шверцерите да влезат во земјата.

XS
SM
MD
LG