Достапни линкови

Заев-Главчев: Нова страница во односите меѓу Македонија и Бугарија


Премиерот Зоран Заев на средба со претседателот на Народното собрание на Бугарија, Димитар Главчев.

Премиерот Зоран Заев и претседателот на Народното собрание на Бугарија Димитар Главчев на денешната средба во Скопје се согласиле дека соработката меѓу двете земји се развива во позитивна насока. Заев посочил дека договорот со Бугарија отвора нови перспективи, а бенефит од него ќе имаат граѓаните на двете држави. Според него, со договорот се испраќа силна порака дека земјите сами можат да ги надминат сите отворени прашања, ако за тоа постои искрена политичка волја.

Главчев истакнал дека местото на Македонија е во НАТО и во ЕУ и дека Бугарија ја поддржува нејзината интеграција. Со договорот, како што посочил тој, се отворила нова страница во односите на двете земји, а сега парламентите треба да придонесат кон продлабочување на соработката.

XS
SM
MD
LG