Достапни линкови

Идентификувани останките на жртва од 9/11


Луѓе поминуваат покрај Светскиот трговски центар во Њујорк.

Останките на една жртва од нападот на Светскиот трговски центар во Њујорк во 2011 година се идентификувани по речиси 16 години од настанот. Идентитетот на мажот не е соопштен по барање на неговото семејството.

Медицинските истражители користат ДНК тестови и други средства со цел да ги идентификуваат останките на 2735 лица кои загинаа во терористичкиот напад на Ал Каеда кога два авиони се урнаа во кулите близначки. Досега се идентификувани останките на 1641 жртва, но властите се надеваат дека со новата технологија ќе се забрза процесот.

XS
SM
MD
LG