Достапни линкови

Рускиот суд против депортација на новинар во Узбекистан


Новинарот Али Феруз на сослушувањето во рускиот суд.

Рускиот апелационен суд ја укина одлуката за депортацијата на новинарот Али Феруз во Узбекистан каде според групите за човекови права, тој може да се соочи со тортура, затворање или смрт во рацете на властите. Според судот, Феруз, кој е репортер на независниот весник Новаја Газета не може да биде депортиран додека Европскиот суд за човекови права не ја разгледа неговата жалба против пресудата.

Понискиот суд во Москва донесе одлука за депортација на Феруз, чие вистинско име е Худоберди Нурматов поради прекршувања на законот за имиграција. Феруз изјави дека има право да остане во Русија се додека не биде донесена одлука за неговото барање за азил.

XS
SM
MD
LG