Достапни линкови

Индиските сили убиле 5 милитанти во Кашмир


Припадници на индиските безбедносни служби.

Индиските власти соопштија дека најмалку 5 осомничени милитанти биле убиени од страна на безбедносните сили додека наводно се обидувале да ја преминат границата за да влезат во Кашмир. Според властите, индиските војници ги забележале милитантите во близина на граничната линија која го дели Кашмир на два дела, едниот под контрола на Индија, а другиот под контрола на Пакистан.

Сите милитанти, како што наведуваат, се убиени при што е пронајдено и оружје на местото на настанот. Индиските сили од почетокот на годината убиле 38 милитанти на тензичната гранична линија.

XS
SM
MD
LG