Достапни линкови

Продолжува истрагата за Сирија и покрај оставката на Карла дел Понте


Карла дел Понте

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутерес изјави дека ја поддржува работата на Истражната комисија на ОН за воени злосторства во Сирија и покрај оставката на обвинителката Карла дел Понте. Тој изрази жалење поради оставката, но додаде дека продолжувањето на работата на Комисијата е од клучна важност. Поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал Карла дел Понте објави дека наскоро ќе поднесе оставка бидејќи била незадоволна од резултатите на работата на оваа Комисија. Комисијата постојано бара од Советот за безбедност на ОН да формира меѓународен суд за злосторствата во Сирија, но на тоа се противи Русија која му е сојузник на сирискиот режим.

XS
SM
MD
LG