Достапни линкови

Четири балкански земји и поставија ултиматум на Хрватска


По средбата на владини претставници на БиХ, македонија, Црна Гора и Србија, Сараево, 07.08.2017.

Четири балкански земји побараа од Хрватска да ја отповика одлуката за драматично зголемување на таксите за увоз на овошје и зеленчук или во спротивно ќе се соочи со соодветен одговор. Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија го упатија овој ултиматум по срдебата на нивни владини претставници што вчера се одржа во Сараево. На 14 јули Хрватска која е земја членка на Европката унија ги зголеми давачките за увоз на овошје и зеленчук за 22 пати. Од Европската комисија препорачаа дека сите страни треба да ги почитуваат трговските обврски.

XS
SM
MD
LG