Достапни линкови

Седницата за разрешување на Зврлевски ќе продолжи во среда


Јавниот обвинител Марко Зврлевски на собраниска седница за негово разрешување

Во среда во 11 часот ќе продолжи седницата на Собранието за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска во 18 часот ја прекина седницата и нејзинито продолжение го закажа за в среда.

Дебатата меѓу пратениците се одвиваше околу тоа дали Собранието работи законски ако и покрај тоа што се распишани локалните избори, може да се разрешуваат и назначуваат лица на јавни функции.

ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека тоа е незаконски, додека СДСМ одговори дека таа обврска не важи за Собранието, туку за извршната власт.

XS
SM
MD
LG