Достапни линкови

Во Иран апсења на милитанти од ИД


Иран

Иран соопшти дека се уапсени 27 милитанти поврзани со екстремистичката сунитска група Исламска држава кои планирале напади во земјата.

Министерството за разузнавање објави дека милитантите биле идентификувани за време на размена на разузнавачки информации со друга земја во регионот.

Министерството соопшти дека 10 од нив биле приведени во странство и испратени во Иран, додека 17 други биле уапсени дома.

Пет од уапсените планирале да извршат терористички напади во верски центри на шиитското мнозинство


Групата ИД ја презеде одговорноста за смртоносните напади на 7 јуни на иранскиот парламент и мавзолејот на основачот на исламската република, ајатолахот Рухолах Хомеини, во Техеран.

XS
SM
MD
LG