Достапни линкови

Министрите од регионот бараат Хрватска да ги укине мерките за увоз на зеленчук и овошје


Денеска од Сараево министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и надлежните министри од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Мирко Шаровиќ, Расим Љајиќ и Драгица Секулиќ побараа Хрватска итно да ги укине одредбите од Правилникот за увоз на свежо овошје Тие на состанокот потпишаа и заклучоци кои ќе бидат испратени во Брисел.

Како што соопштија од МЗШВ, министрите ја повикуваат Хрватска да ги укине одредбите од Правилникот, а трошоците за инспекцискиот надзор да се сведат на нивната реална висина. Тие бараат оваа недела да се одржи итен состанок со надлежните министри од Хрватска, и да се има предвид дека секое одложување за изнаоѓање решение ќе предизвика значителни последици врз производителите од земјите од регионот, со оглед на тоа дека сето ова се случува во период кога има зголемен извоз на сезонско овошје и зеленчук.

Министрите од регионот во решавање на проблемот со Хрватска ја повикаа да се вклучи и ЕУ, а во заклучоците наведуваат дека секоја земја се до решавање на проблемот, за да ги заштити сопствените економски интереси, ќе преземе конкретни мерки и механизми.

Според Правилникот на Хрватска за инспекциски надзор и контрола за усогласеност на овошјето и зеленчукот трошоците за контрола на квалитет на овошјето и зеленчукот за трети земји се зголемуваат од досегашните 90 куни (12 евра) по производ, на 2.000 куни (274 евра) по производ.

XS
SM
MD
LG