Достапни линкови

Во пожар во Русија загинаа 9 лица


Пожарникари го гасат пожарот во куќата во Башкортостан.

Руските власти соопштија дека девет лица загинале, меѓу кои и пет деца во пожар во куќа во Башкортостан. Регионалното министерство за здравство соопшти дека пожарот избил во куќа во селото Угужево. Пожарникарите спасиле три лица. Според истражниот комитет, пожарот бил предизвикан од електричен кабел. Локалните власти прогласија ден на жалост за жртвите.

XS
SM
MD
LG