Достапни линкови

Јужна Кореја и САД со поголем притисок врз Северна Кореја


Претседателите на Јужна Кореја и на САД, Мун Џае Ин и Доналд Трамп

Претседателите на Јужна Кореја и на САД, Мун Џае Ин и Доналд Трамп телефонски разговарале и се согласиле да применат максимален притисок врз Северна Кореја, бидејќи земјата најави дека ќе го зајакне својот нуклеарен арсенал. За време на разговорот тие се заложиле дека ќе продолжат да соработуваат против Пјонгјанг особено пред заедничките воени вежби закажани за крајот на месецот. Белата куќа соопшти дека двајцата лидери потврдиле оти Северна Кореја претставува директна закана за поголемиот дел од земјите во светот.

XS
SM
MD
LG