Достапни линкови

Војската на Венецуела спречила бунт


претседателот на Венецуела Николас Мадуро

Командантот на војската на Венецуела Хесус Суарес Чоурио изјави дека бунтовниците кои вчера нападнале една воена база во земјата биле поразени од војниците лојални на владата на претседателот Николас Мадуро. Луѓе облечени во воени униформи и со автоматски пушки претходно објавија снимка во која прогласуваат бунт против претседателот Мадуро и ги повикуваат другите војници да им се придружат. Политичката криза во Венецуела почна во почетокот на април годинава и се интензивира по изборите и формирањето Уставотворно собрание кое ќе има неограничена моќ и кое го поддржува претседателот Мадуро. Во досегашните протести загинаа најмалку 120 луѓе.

XS
SM
MD
LG