Достапни линкови

Министри од земјите во регионот во Сараево за хрватските мерки


илустрација

Министрите за трговија на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Србија денеска во Сараево ќе го разгледаат заедничкиот одговор на одлуката на хрватска влада за 22 пати да ги зголеми таксите за увоз на овошје и зеленчук од регионот. Дел од министрите изразија надеж дека Хрватска ќе ги преиспита мерките или во спротивно би следеле контрамерки. Хрватска неодамна меѓу другото го прошири списокот на овошје и зеленчук за кое е неопходна фитосанитарна контрола и ја зголеми таксата. Таа сега наместо 12 евра изнесува 2 илјади евра. Хрватските власти тоа го образложија со намерата да ги заштитат домашните производители од прекумерен увоз.

XS
SM
MD
LG