Достапни линкови

Човек сакал да изврши напад во Ајфеловата кула


Ајфеловата кула во Париз.

Француското обвинителство отвори истрага за тероризам против еден човек, кој со нож насилно се обидел да влезе во Ајфеловата кула. Инцидентот се случил доцна синоќа. Никој не е повреден во инцидентот.

Новинската агенција Франс прес пренесува дека осомничениот, кој е во притвор, изјавил пред истражителите дека сакал да нападне војник, и дека бил во контакт со член на екстремистичката група Исламска држава.

Осомничениот е на возраст околу 19 години и наводно имал историја на психолошки проблеми. Тој е Французин, роден во западноафриканската држава Мавританија.

Во Франција е на сила вонредна состојба по нападите во ноември 2015 година во Париз, во кои загинаа 130 луѓе.

XS
SM
MD
LG