Достапни линкови

Ирански војник ранил колеги во база во Техеран


Архивска фотографија - ирански војник.

Еден ирански војник пукал кон своите колеги и ранил десетмина од нив во воена воздухопловна база во близина на Техеран, јави полуофицијалната иранската новинска агенција Мехр. Не се соопштува мотивот за нападот.

Државните медиуми не јавија веднаш за нападот, кој според агенцијата Мехр се случил во базата Кахризак во јужните предградија на Техеран.

Минатиот месец еден војник исто така отвори оган врз неговите колеги, при што беа убиени тројца, а ранети шест лица во воената база во градот Абјек на 100 километри западно од Техеран. Напаѓачот наводно се застрелал по инцидентот, но преживеал и бил пренесен во болница.

XS
SM
MD
LG