Достапни линкови

Силите на Асад го зазедоа последното упориште на ИД во Хомс


Во близина на Хомс, 3 август, 2017.

Силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад го зазедоа последното упориште на Исламската држава во провинцијата Хомс, информираат набљудувачите. Ал-Сухна, на околу 70 километри од познатиот антички град Палмира, е последниот град на патот кон градот Деир Езор на истокот на земјата, каде што владините сили беа под опсада на Исламската држава од почетокот на 2015 година.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон информира дека владините сили денеска го зазеле градот по силниот артилериски оган и воздушните напади извршени од сирискиот сојузник, Русија.

Засега нема официјална потврда на заземањето од страна на сириската влада. Државната новинска агенција САНА објави дека армијата го опколила градот од три страни.

Сириската армија од мај, со руска поддршка, спроведува голема воена кампања за враќање на контролата врз огромната пустина што го дели главниот град Дамаск со Деир Езор и другите градови по долината на реката Еуфрат.

Откако беше поразена во ирачки Мосул, Исламската држава се соочува со повеќе напади во Сирија. Сириските демократски сили, кои имаат поддршка од САД, сега контролираат повеќе од половина од Рака, самопрогласениот главен град на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG