Достапни линкови

Една година од поплавите во кои загинаа 22 луѓе


Поплавените места во Стајковци, 2016.

Скопје денеска одбележува една година од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 луѓе. Попладнето на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер.

Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. Во текот на 24 часа минатиот 6 август во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало над 800 громови.

Невремето и поројот од вода предизвика пад на дрвја, а домовите останаа без електрична енергија. Околу илјада граѓани беа евакуирани во текот на ноќта на 6 август.

XS
SM
MD
LG