Достапни линкови

Телеграф - Британија е подготвена да плати 40 милијарди евра за Брегзит


Местење на знамињата во седиштето на ЕУ во Брисел на почетокот на разговорите за Брегзит на 19 јуни 2017

Британскиот весник Телеграф објави дека Обединетото Кралство е подготвено да плати до 40 милијарди евра за таканаречената „сметка за развод“ при излегувањето од ЕУ. Весникот, повикувајќи се на тројца високи претставници, вчера објави дека британската влада заклучила дека плаќањето е единствениот начин за излез од сегашниот ќорсокак во преговорите со ЕУ. Ова е прв пат Велика Британија да излезе со конкретна бројка за исплата во врска со Брекзит.

Претставници на ЕУ, кои рекоа дека Британија треба да плати најмалку 60 милијарди евра, нагласуваат дека сакаат значителен напредок во врска со ова прашање, пред да започнат разговорите за посложените прашања.

Телеграф објави дека плаќањето би било по 10 милијарди евра годишно, три години по ред по најавеното излегување на Велика Британија од Унијата во март 2019 година, и конечната исплата по детализирањето на договорот за трговските прашања.

Ако нема договор за излез, трговските односи меѓу Велика Британија и ЕУ ќе бидат регулирани со правилата на Светската трговска организација, кои им дозволуваат на двете страни да воведуваат тарифи и царински контроли на стоките и услугите.

XS
SM
MD
LG