Достапни линкови

Временска прогноза – Сончево и многу топло време


Човек се разладува со шише вода во Скопје

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. УВ индексот ќе има вредност 9.

Утринската температура се движи од 14 до 24 степени, а дневната од 35 до 42 степени.

Во Скопје слично време со температура до 41 степени.

До четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса, што ќе услови да продолжи периодот на претежно сончево, многу топло и суво време. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надминува 40 степени. Најтопло се очекува да биде за време на деновите од викендот. Од понеделник во попладневните часови ќе има појава на умерена локална облачност. УВ индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9.

XS
SM
MD
LG