Достапни линкови

Рохани го почна вториот претседателски мандат


Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани положи свечена заклетва на почетокот на неговиот втор мандат на отворена седница на иранскиот парламент во Техеран. Зборувајќи на раскошната церемонија на која присуствуваа повеќе од 100 странски државници, 68-годишниот Рохани денеска вети дека неговата земја ќе продолжи „по патот на соживот и соработка со светот“. Умерениот Рохани беше реизбран за претседател на 19 мај, а официјално беше одобрен од врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи на 3 август. Тој прв пат беше избран во 2013 година.

Иранските државни медиуми објавија дека на церемонијата присуствувале повеќе од 130 високи претставници од различни држави и меѓународни организации, што е значајно постигнување за Иран, кој беше во голема мера изолиран по Исламската Револуција во 1979 година.

Меѓу гостите е и шефицата за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, која се сретна со Рохани пред церемонијата. Други високи гости од Европа се францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, државниот секретар во германското МНР, Михаел Рот и британскиот министер за Блискиот Исток и Северна Африка, Алистер Барт. Присуствуваа и некои од постарите пријатели на Иран како претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе.

Според иранските закони, Рохани има две недели да му го предложи составот на владата на парламентот.

XS
SM
MD
LG