Достапни линкови

Сугарески – Ќе ја доизградиме пругата до границата со Бугарија


Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Меморандумот за развој на железницата што го потпишавме со Бугарија е предуслов за одржлив економски раст и развој на регионот, како и значаен чекор напред во однос на заедничките инвестиции што ќе ги реализираме за довршување на Коридорот 8 кон исток, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Сугаревски на прес-конференција ги соопшти деталите од Меморандумот.

„Со Меморандумот се обврзуваме да ја доизградиме и модернизираме пругата до границата со Бугарија, а Владата на Бугарија се обврза да ја доизгради пругата до нашата граница, со што целосно ќе го заокружиме железничкото поврзување. Вкупната должина што треба да се доизгради до границата со Бугарија е околу 89 километри. Изградбата претходно е поделена на три делници, а постапките за сите три делници веќе се почнати, нагласи Сугрески.

Министерот Сугарески информира дека Бугарија со Меморандумот се обврзала модернизацијата на железничката линија од Софија до Ѓуешево да биде завршена до крајот на 2026, а делот од Ѓуешево до границата со Македонија да биде завршена до крајот на 2027.

XS
SM
MD
LG