Достапни линкови

Кисљак негираа несоодветни контакти со советник на Трамп


Поранешниот руски амбасадор во САД, Сергеј Кисљак.

Поранешниот руски амбасадор во САД, Сергеј Кисљак, изјави дека неговите разговори со поранешниот американски советник за национална безбедност Мајкл Флин биле „сосема во ред, смирени и апсолутно транспарентни“.

Зборувајќи за руската државна телевизија, Кисљак денеска рече дека не сака да сведочи за неговите контакти со Флин пред американскиот конгрес или пред американска порота. Кисљак рече дека разговарале за теми што се важни за двете земји, како што е тероризмот и оти имал јасни инструкции од Москва да не разговара за американските санкции против Русија.

Тој рече дека направил бројни обиди да воспостави контакт со членови на кампањата на демократската кандидатка Хилари Клинтон, но оти тие не сакале да се сретнат со него.

Флин беше принуден да поднесе оставка од администрацијата на претседателот Доналд Трамп, откако беше обелоденето дека не ги пријавил неговите контакти со Кисљак во периодот од претседателските избори во ноември 2016 до инаугурацијата на Трамп во јануари годинава.

Кисљак го заврши својот мандат како амбасадор минатиот месец.

Американското министерство за правда и комисии во двата дома на Конгресот испитуваат евентуално недозволени контакти меѓу руски претставници и членови на кампањата на Трамп.

XS
SM
MD
LG