Достапни линкови

„Фич” го потврди кредитен рејтинг на Македонија ББ


Министерство за финансии

Aгенцијата „Фич” соопшти дека го потврдува постојниот кредитен рејтинг на Македонија ББ, со негативен изглед, соопшти денеска Министерот за финансии.

Според Министерството, на потврдата на рејтингот влијаеа кредибилната, монетарна и макропрудентна политика, кои овозможија долготрајна стабилност на девизниот курс, ниска инфлација и стабилен економски раст.

„Фич“ во извештајот нотира дека пролонгираната политичка криза е надмината со формирањето на новата Влада. Притоа, се оценува дека „Планот 3-6-9„ на Владата за политики ориентирани кон членство во НАТО и ЕУ и враќање на довербата во независноста и транспарентноста на јавните институции се соочува со значајни предизвици во имплементацијата. Тие се првенствено поврзани со ризици од можни несогласувања во владиното мнозинство, како и со ризици од опструкции од опозицијата, додека локалните избори ќе претстават првичен тест за напредокот на владата.

-

XS
SM
MD
LG