Достапни линкови

Косовскиот парламент не ја продолжи конститутивната седницата


Седница на косовскиот Парламент

Косовскиот Парламент не успеа и во текот на вчерашниот ден да ја продолжи конституивната седница, на која требаше да се избере претседател и потпретседатели на законодавниот дом.

По неколку обиди да продолжи седницата, на која не се појавија пратениците на коалицијата ПАН, беше постигната согласност да се сретнат координаторите на пратеничките групи. На средбата, на која не присуствувале сите пратенички групи, било договорено в среда да се одржи друга консултативна средба.

Движењето „Самоопределување“ соопшти дека нема да учествува на средбата.

XS
SM
MD
LG