Достапни линкови

Продолжува расправата за ребаланс на Буџетот


Архивска фотографија - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Собранието денеска ќе ја продолжи расправата за ребалансот на Буџетот. Ова е четврти од петте предвидени денови според Деловникот за расправа за дополнетиот предлог на изменувањето и дополнувањето на Буџетот за 2017.

Владејачкото мнозинство и опозицијата се со различни ставови за кратењето на средствата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се категорични дека со ребалансот се кратат капиталните инвестиции, се намалуваат парите за образование, здравство, полиција и армија и забрзано се вработуваат партиски кадри. Со ова не се согласуваат од СДСМ, за кои единствено се кратат нереалните трошења.

Собраниската расправа за ребалансот на Буџетот почна на 1 август.

XS
SM
MD
LG