Достапни линкови

Временска прогноза - сончево и многу топло


Човек пие вода на фонтана. Топло време во Скопје

Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Дневната температура ќе се движи од 33 до 42 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Температура до 41 степени.

До четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса, што ќе услови да продолжи периодот на претежно сончево, многу топло и суво време. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надминува 40 степени. Најтопло се очекува да биде за време на деновите од викендот. Од понеделник во попладневните часови ќе има појава на умерена локална облачност. УВ индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9.

XS
SM
MD
LG