Достапни линкови

Кај Требовље се уште гори, пожарот на Матка изгаснат


Фото: ЦУК

Пожарот во атарот на село Требовље и село Растеш сè уште е активен. Во гаснењето се ангажирани АРМ, месно население и доброволци. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), има пожар и во село Девич, во атарот на село Могилец, во атарот на селото Близанско и во атарот на село Волче и постои опасност од опожарување на селото.

ЦУК нагласува дека гасењето на пожарите го отежнуваат високите температури и присуството на ветар.

Пожарот кај браната Матка кај Скопје е изгаснат и на терен е оставена екипа да дежура. Зафатена била нискостеблеста шума во општина Сарај.

Од Повардарскиот плански регион, пожарот во атарот на село Дреново, во месноста Дреновска Корија е активен и со него зафатена е шума под даб, јасен и бука. На терен е екипа на Шумско стопанство „Бабуна“ – Велес, но пожарот е интензивен и се бара поддршка за гасење од воздух.

Активен е пожарот во атарот на селото Богомила во месноста Црвен Дол. Екипата на Шумско стопанство „Бабуна“ гаси од страна на село Мокрени и прави појас. Таму е и екипа на Дирекцијата за заштита и спасување од Велес. Поради можноста пожарот да оди кон село Богомила, испратени се авиони за гасење.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара итна собраниска седница за пожарите. СДСМ, пак, реагира дека барањето е лицемерно и оти екипите работат на терен.

XS
SM
MD
LG