Достапни линкови

Казни за дистрибуција на странски весници во Русија без владина дозвола


Трафика во Русија

Руското министерство за комуникации и масовни медиуми подготви нацрт-закон, според кој се воведуваат казни за дистрибуција на странски весници и списанија без дозвола од владата. Заменик министерот Алексеј Волин денеска за Интерфакс изјави дека законот ќе биде насочен кон поединци кои дистрибуираат странски публикации без дозвола. Паричните казни се од 1.000 до 30.000 рубљи, односно од 16 до 500 американски долари. Тој вели дека со ова само се проширува постојниот закон кој забранува дистрибуција на странски весници и списанија без дозвола. Волин вели дека со законот не се забранува печатење на текстови од странски списанија во руските весници или дистрибуција на поединечни статии во друга форма.

XS
SM
MD
LG