Достапни линкови

Кремљ се согласува со изјавата на Трамп за односите меѓу САД и Русија


Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави денеска дека руските власти се согласуваат со изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека односите меѓу двете земји се на опасно ниско ниво.

Трамп на Твитер напиша дека за тоа мора да му се заблагодари на Конгресот кој го усвои законот за новите санкции против Русија, кој подоцна тој го потпиша. Според Песков, опасноста лежи во дефицитот на интеракција и соработка во работите кои се витално важни за двете земји и народи.

XS
SM
MD
LG