Достапни линкови

Путин размислува дали ќе се кандидира на изборите


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ќе размисли дали ќе се кандидира за нов мандат на функцијата, четврти по ред на претстојните избори закажани за март, наредната година. Говорејќи на јавен собир на Бајкалското езеро тој беше прашан од еден воен ветеран дали ќе се кандидира на изборите и дека луѓето тоа го бараат од него.

Путин кој ја предводи Русија од 2000 година како премиер, па потоа и претседател се очекува да победи на претседателските избори. Руските изборни власти соопштија дека опозицискиот политичар Алексеј Навални не може да учествува во претседателската трка, бидејќи е осуден за проневера.

XS
SM
MD
LG