Достапни линкови

Парламентот на Косово во нов обид за избор на нова влада


Парламентот на Косово

Пратениците во косовскиот парламент на денешното продолжение на конститутивната седница ќе се обидат да ги надминат политичките разлики и да изберат нов претседател на Парламентот. Овој потег ќе овозможи да се покрене и процедурата за избор на нова влада. Првата седница на парламентот вчера беше прекината откако ниту една партија или коалиција не беше во можност да добие мнозинство за избор на нов претседател. Ваквиот развој ги зголеми страхувањата дека Косово би можело да се најде во политичка криза и пред нови вонредни избори. На изборите на 11 јуни годинава ниту една партија не доби мнозинство пратеници.

XS
SM
MD
LG