Достапни линкови

Законот за јазици ќе влијае на локалните избори?


Законот за употреба на јазиците ќе помине во првите сто дена на Владата и ќе се испрати до Венецијанската комисија, изјави министерот Арбен Таравари. Според него ставовите меѓу коалициските партнери за ова прашање се усогласени.

Од Беса пак велат дека постои можност поради законот да се одложат локалните избори. Од партијата обвинуваат дека партнерите во власта не се договориле за донесување на законот.

„СДСМ не сака да се донесе Законот за јазици оти може да му влијае на рејтингот, а ДУИ ако оди на избори без договорен Закон за употреба на јазиците ќе доживее фијаско на локалните избори“, смета пратеникот на БЕСА, Африм Гаши.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, вели дека не гледа зошто законот би бил причина за одложување на изборите. Тој вели дека избори на 15 октомври ќе има.

„Законот е усогласен и тој ќе оди како дел од пакетот закони кои што треба да се достават до Собранието“, вели Тунтев.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се подготвени за избори и нема да дозволат тие да се одложат.

Владата на последната седница започна дебата за законот за јазици, меѓутоа расправата беше одложена поради несогласувања.

XS
SM
MD
LG