Достапни линкови

Албанија бара помош од Грција и Италија за пожарите


Албанија се наоѓа во критична ситуација, поради пожарите од големи размери, кои беснеат на нејзина територија.

Според Министерството за надворешни работи, министерот Дитмир Бушати контактирал со неговиот грчки колеги, од кого побарал да упатат авиони за гаснење на пожар. Ветено било дека два авиона од островот Крф ќе полетаат за да им помогнат на албанските пожарникари.

Бушати побарал помош и од италијанскиот колега Ангелино Алфано, кој исто така ветил дека во текот на денов кон Албанија ќе полетаат авиони за гаснење пожари.

И претходно поради големиот број пожари Албанија побара помош од Грција и од НАТО. Моментно активни се најмалку 15 големи пожари.

XS
SM
MD
LG