Достапни линкови

Трамп - Односите со Русија на опасно ниско ниво


Aмериканскиот претседател Доналд Трамп, 2 август, 2017.

Односите меѓу Вашингтон и Москва се на опасно ниско ниво, вели американскиот претседател Доналд Трамп, обвинувајќи ги пратениците за таа ситуација.

„Нашите односи со Русија се на многу ниско и на многу опасно ниво. За тоа може да му се заблагодариме на Конгресот“, напиша тој денеска на Твитер.

Коментарот на Трамп уследи еден ден откако тој стави потпис на новите санкции против Русија. Потег кој од страна на рускиот премиер Дмитри Медведев е оценет како објава на трговска војна против Русија.

Во изјавата на Трамп по потпишувањето на санкциите, се наведува дека има многу недостатоци во законот за санкциите и дека ќе им претставува проблем за неговата администрација да преговара со странските противници. Трамп вели дека го потпишал законот во интерес на националното единство.

XS
SM
MD
LG