Достапни линкови

Повредени 4 американски војници во Авганистан


Нападот на конвој на НАТО силите во Кандахар.

Американската војска соопшти дека четворица нејзини припадници биле повредени во самоубиствениот напад со автомобил бомба во Авганистан. Повредите на војниците, како што наведуваат, не биле животно загрозувачки. Според Пентагон, двајца американски војници претходно загинале во нападот на конвој на НАТО силите во близина на градот Кандахар. Талибанците преземаа одговорност за нападите.

XS
SM
MD
LG