Достапни линкови

Нова безбедносна зона северно од сирискиот град Хомс


Маж со куфери поминува покрај руски војници во сирискиот град Хомс.

Руското министерство за одбрана соопшти дека е постигната согласност со сириската опозиција да се воспостави нова безбедносна зона, северно од градот Хомс. Портпаролот на министерството, Игор Конашенков изјави дека примирјето денеска ќе стапи на сила, а во зоната на деескалација живеат над 147 илјади луѓе. Северните делови на покраината Хомс неодамна беа цел на напади од сириските сили и на воздушни напади од сириските и руските воени авиони.

XS
SM
MD
LG