Достапни линкови

Парламентот на Косово за прв пат ќе заседава по изборите


Парламентот на Косово.

Косовскиот нов парламент денеска за прв пат ќе заседава по речиси два месеци од изборите во земјата. Законодавците се очекува да изберат нов спикер и негови заменици со што ќе се отвори патот за претседателот Хашим Тачи да предложи мандатар кој ќе формира влада. Тачи изјави дека ќе му го даде мандатот на Рамуш Харадинај, лидерот на Алијансата за иднина на Косово и покрај шпекулациите дека тој нема да биде во можност да формира влада. Партијата на Харадинај освои 35 отсто од гласовите на изборите.

XS
SM
MD
LG