Достапни линкови

Трамп предложил отпуштање на американскиот командант во Авганистан


главниот командант на американските сили во Авганистан генерал Џон Николсон

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна предложил да биде отпуштен главниот командант на американските сили во Авганистан генерал Џон Николсон поради неговата незадоволителна работа. Според повеќе американски медиуми, Трамп на состанокот побарал од секретарот за одбрана Џејмс Матис и шефот на Генерлштабот Џозеф Данфорд да го отпуштат генерал Николсон бидејќи не победувал во Авганистан. Новинската агенција Ројтерс јави дека на овој состанок Трамп изјавил оти САД би требало да побараат дел од минералното богатство на Авганистан кое се проценува на илјадници милијарди долари во замена за американската помош на владата во Кабул.

XS
SM
MD
LG