Достапни линкови

Тачи: Пенс вети поддршка за напорите на Косово да влезе во НАТО


Заедничка фотографија од учесниците на самитот на Јадранската повелба, Подгорица, 02.08.2017.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс вети помош во надминување на пречките Косово да стане членка на НАТО. Ова го соопшти косовскиот претседател Хашим Тачи на неговиот Фејсбук профил по средбата со Пенс во рамките на самитот на Јадранската повелба чиј домаќин беше Македонија, а кој се одржа во Подгорица, Црна Гора. Пенс кој со престојот во Подгорица ја заврши некоклудневната европска турнеја побара од лидерите на Западен Балкан да ги надминат разликите за што поскорашен влез во НАТО и Европската унија. „Вие им припаѓате на нова генерација балкански лидери и ова е историски момент за напредок на Западен Балкан“, рече Пенс.

XS
SM
MD
LG