Достапни линкови

Во експлозија во Абхазија, 50 повредени


Во експлозии во складиште на муниција во грузиската сепаратистичка област Абхазија биле повредени педесетина луѓе, од кои триесетина биле задржани во болница. Руската амбасада во Абхазија соопшти дека бил уништен воен арсенал во селото Приморскоје и оти меѓу повредените дваесетина биле руски туристи. Абхазија и Јужна Осетија прогласија независност од Грузија во 90 години од минатиот век, но тие се признати од Русија и од уште неколку земји. По кратката војна со Грузија во 2008 година, Русија фактички ја презеде контролата врз овие отцепени територии.

XS
SM
MD
LG