Достапни линкови

Седумнаесет поддржувачи на Ѓулен избегале на Родос


Седумнаесет Турци, членови на групацијата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, позната како ФЕТО, пребегнале во Родос, јави турската приватна телевизија Си-Ен-Ен Турк. Според телевизијата тие најверојатно се приведни и се очекува да бидат изведени пред суд. Десетмина од нив се мажи, четири се жени, а три се деца. Меѓу нив има лекари и професори. Бројот на избегнатите Турци во Грција по обидот за преврат на 15 јули минатата година достигна над 400 лица. Анкара го обвинува Ѓулен дека стои за обидот за пуч.

XS
SM
MD
LG