Достапни линкови

Трамп го потпиша законот за санкции против Русија


Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп го потпишал законот со кој се воведуваат нови санкции за Русија. Американските законодавци кон крајот на јули го усвоија законот со кој на руските енергетски фирми им се наметнуваат санкции. Рускиот претседател Владимир Путин налутено одговори на предлог-законот, дури и пред да биде потпишан од Трамп, наредувајќи на 30 јули дека Вашингтон мора да го намали својот дипломатски персонал во Русија на 755 лица.

Рускиот одговор ги зголеми тензиите во односите што веќе беа оштетени од руската агресија во Украина, нејзината улога во војната во Сирија и нејзиното наводно мешање во претседателските избори во 2016 година. Кремљ го нарече законодавството на Сoединетите Држави пример за "екстремна агресија" и го обвини Вашингтон дека се обидува неправедно и "нелегално" да ја изолира Русија со санкции и други мерки. Американските законодавци го менуваа законот по првичните жалби од страна на европските лидери дека е премногу штетно за компаниите кои работат со Русија во проектот за гасоводот Северен тек. Германскиот министер за економија на 31 јули ја повика Европската унија да се бори против новите санкции од страна на Соединетите Држави, велејќи дека со нив би можело да ги казни западните компании што имаат бизниси со Русија.

XS
SM
MD
LG