Достапни линкови

ИД ја презеде одговорноста за нападите во Авганистан


Милитантната Исламска Држава ја презеде одговорноста за нападот на ирачката амбасада во Кабул пред два дена, како и за нападот во џамијата во Херат кога беа убиени 33 лица, а над 60 беа ранети. Нападот на ирачката амбасада, три седмици откако ирачката војска ја презеде контролата над Мосул, ги потврдува претходните предупредувања на авганистанските безбедносни сили дека милитантите бегаат од Ирак и Сирија во Авганистан.

„Годинава забележуваме многу повеќе ново оружје во рацете на бунтовниците, како и се поголем број странски борци,“ изјави портпаролот на авганистанското министерство за одбрана Дават Вазири според кој тие ги заземаат првите борбени редови, како ветерани.

XS
SM
MD
LG